Утрински Весник
Македонија

СВР Тетово со апел до локалите да внимаваат на јачината на музиката

Центарци се жалеле на гласна музика, па инспекции влегоа во ресторани среде журка – казните се од 6 до 13 илјади евра ако биле бучни

Секторот за внатрешни работи Тетово, чии полициски службеници изминатиот викенд за прегласна музика санкционираа неколку угостителски објекти во Тетово, повторно апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во своите локали или свират музички групи.

dobivaj vesti na viber

„Во спротивно, тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци и со парична глоба, која во согласност со член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир се движи од 50 до 100 евра во денарска противвредност за физичко и од 50 до 6.000, односно 10.000 евра за правно лице, во зависност од неговата големината и плус од 50 до 500 евра за одговорното лице“, соопшти СВР Тетово.

Од таму ги потсетуваат угостителите исто така да не дозволуваат престојување малолетници по законски предвиденото време, ниту нивно послужување со алкохолни пијалаци, а за што може да бидат и кривично гонети.

Можете да прочитате

Паника во Кисела Вода: Пожар во нова станбена зграда ги разбуди станарите – семејства со деца бегале во пижами

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

Ладен атмосферски фронт од северозапад донесе силно невреме на Балканот и во Македонија