Утрински Весник
Македонија

Приведени три странски државјанки во ноќен локал во Желино

Приведени три странски државјанки во ноќен локал во Желино

Приведени три странски државјанки во угостителски објект во тетовско Желино.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, едната е од Португалија, другата од Украина, а третата не се наведува од која држава е.

„Ноќеска (10 јули) околу 1 часот и 35 минути, во угостителски објект во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле странските државјанки: В.С.(28), поради сомнение за злоупотреба на туристички престој и А.Г.(32) од Португалија и Н.А.(32) од Украина, поради сомнение дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“ соопшти СВР Тетово.

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот