Утрински Весник
Македонија

Вработени во Комунална ги попречувале другите да собираат ѓубре – МВР за пријавата од менаџментот

Вработени во Комунална ги попречувале другите да собираат ѓубре – МВР за пријавата од менаџментот

По тензиите синоќа пред Комунална хигиена каде директорката Мазнева се соочи со дел од вработените во ова претпријатие, се огласија од МВР,

dobivaj vesti na viber

Од тука велат дека околу 50 лица синоќа околу 23 часот протестирале пред дирекцијата. Полицијата излегла на лице место,  по пријава за протести пред капијата на Јавното претпријатие.

Од МВР велат и дека синоќа околу 01.30 часот по полноќ било пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски.

За случајот, известен е и јавниот обвинител.

Комуналците бојкотираат и не го собираат отпадот откако директорката Косана Мазнева не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Вработените во Јавното претријатие синоќа се собраа на протест пред дирекцијата од каде на Мазнева и’ порачаа дека бараат да им ги врати колегите и да им ги покачи платите за 50 отсто. Во жестока дискусија пред дирекцијата, Мазнева им вети К15 и порача дека законите мора да функционираат за сите.

Преговорите помеѓу директорката Мазнева и вработените продолжуваат од понеделник.

Можете да прочитате

(Фото/Видео) Километарски колони за влез во Македонија

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи