Утрински Весник
Спорт

Попович го продолжи договорот со Сан Антонио

Попович го продолжи договорот со Сан Антонио

Легендарниот тренер Грег Попович (74) потпиша нов договор со Сан Антонио Спарс и на клупата на тимот ќе биде до 2028 година.

dobivaj vesti na viber

Во претходните години имаше многу навестувања дека Грег Попович ќе се пензионира, но тој нема намера да се откаже од работата. Грег го одложи своето пензионирање, најмногу поради Виктор Вембањама. Младиот играч од Франција, пред неколку недели беше прв избор на драфотот од страна на Сан Антони.

Еден од најголемите таленти во НБА сега ќе биде под будното око на познатиот тренер во следните пет сезони.

Грег Попович тимот од Тексас го води од 1996 година, а заедно со Тони Паркер, Дејвид Робинсон и Тим Данкан е заслужен што оваа франшиза има пет титули.

Можете да прочитате

Србија со пресврт од -24 се пласираше во кошаркарското полуфинале на ОИ

Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд

Кенијката прво беше дисквалификувана, а потоа и го вратија медалот