Утрински Весник
Свет

(Видео) Еден од петте бранители на Азов одржа говор по враќањето дома: „Голем придонес за борбата“

Бранителите на Азовстал се вратија од Турција во Украина со Зеленски

Денис Прокопенко – еден од петте команданти на Азов одржа говор по враќањето во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да му се заблагодарам на господинот претседател, неговиот тим, одбранбените сили и секој војник кој ја бранеше нашата татковина и продолжи да се бори против окупаторите на првите борбени линии додека бевме заробени. Ова е огромен придонес за нашата независност и борбата за нашата земја“, рече Прокопенко.

Бранителите на фабриката Азовстал во Мариупол вчера се вратија дома од Турција, каде што престојуваа по размената на затвореници меѓу Украина и Русија.

За време на посетата на Турција, Зеленски се сретна со нив и ги врати со себе во Украина.

 

Можете да прочитате

Трамп планира огромна триумфална порта во Вашингтон

32 загинати во воздушни напади врз Појасот Газа

Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција