Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени нема да има, СДС една година се грижи само за интересот на Бугарија

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Уставни измени нема да има, СДС една година се грижи само за интересот на Бугарија, ги одби сите предлози кои значеа заштита на Македонските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„СДС една година одбива секакви предлози од ВМРО-ДПМНЕ кои значеа конструктивност, како примена на Хрватскиот модел на Устав, на кој првин самите се повикуваа, за на крај да избегаат.

СДС не прифати ниту еден од двата предлога на заштита на Македонските интереси преку, 1. Одложено важење на уставните измени со приемот на Македонија во ЕУ, 2. Барање на гаранции за нашиот идентитет, јазик и историја од европските институции, барање од Бугарија да реализира 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање пакет финансиска помош за државата.

Се што значеше подобра позиција за Македонија беше одбиено од СДС. СДС наместо за Македонија гледаше што е подобро за Бугарија.

Состојбата дојде до крај, потребни се избори, за Македонија да тргне напред, со СДС тоа не е можно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда

Нон-пејперот на Мерц и Макрон: Нова шанса или уште едно европско ветување за Македонија? 

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен