Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мечка заглавенa во бачило на Шар Планина: беше изорена и исплашена, ја ослободивме по три часа

(Видео) Мечка заглавенa во бачило на Шар Планина: беше изорена и исплашена, ја ослободивме по три часа

По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, од Националниот парк „Шар Планина“ заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на Град Скопје организираа акција за ослободување на животното.

dobivaj vesti na viber

„Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо (мечката) беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката“, велат од Националниот парк „Шар Планина“.

Тие додаваат: „Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата“.

Можете да прочитате

Починат маж пронајден во хотел на Бит Пазар

Сиљановска Давкова – Калињак: Билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ

Ванчо Полазаревски добитник на наградата „Оливера Николова“ за 2026 година