Утрински Весник
Свет

Вучиќ и Рама за Отворен Балкан: „Оваа иницијатива донесе огромни придобивки за сите“

Вучиќ и Рама за Отворен Балкан: „Оваа иницијатива донесе огромни придобивки за сите“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Белград се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама.

dobivaj vesti na viber

„Ќе продолжиме да зборуваме за Отворен Балкан, вечерва ќе имаме уште неколку часа разговори, оваа иницијатива донесе огромни придобивки за сите, мислам дека ќе придонесе многу повеќе за тоа во иднина“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека во наредниот период ќе има повеќе средби во врска со оваа иницијатива.

„Знаете дека ја подготвуваме Винската визија и секако разговаравме за регионалните прашања и нашите ставови за Косово, но мислам дека не би било фер или коректно тоа да го направиме во присуство на Рама, тоа ќе го оставиме за нас, нашите земји и иднината“, рече српскиот претседател.

Тој нагласи дека резултатите од претходните години покажале дека „нашите земји и нашите народи можат многу побрзо да одат напред и да соработуваат“.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона