Кога руските безбедносни служби ја пребарале вилата на рускиот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин во Санкт Петербург, нашле интересни предмети. Меѓу нив имаше плакар полн со перики и фотографии од маскиран Пригожин со нив на главата. Руските власти велат дека фотографиите биле во личниот албум на шефот на групата Вагнер.
На фотографиите можеме да го видиме Пригожин со лажна брада пред знамето на Либиската национална армија, со традиционален шал од Блискиот Исток околу вратот и кафеава перика на главата итн.
Holy shit! The Prigozhin photos are the funniest thing I have ever seen. 2023 gets wilder and wilder! pic.twitter.com/xe2h626fK7
— Oliver Alexander (@OAlexanderDK) July 5, 2023
По објавувањето на овие снимки, на социјалните мрежи се појавија коментари дека можеби станува збор за лажни фотографии. Сепак, прелиминарната проценка покажува дека фотографиите кои кружат на интернет се направени од дигитален уред како паметен телефон, поради видливата пикселација на боите на виножитото, пишува Гардијан.
Имено, нивото на зрнести детали како што се брчките на челото и лицето изгледа дека е конзистентно на сите фотографии. Дополнително, една од периките на фотографиите многу наликува на онаа пронајдена (и фотографирана) во неговиот плакар. Лошото осветлување, чудните и неконзистентни агли за селфи, исто така, укажуваат дека се работи за автентични снимки, иако е тешко да се биде 100% сигурен, заклучува Гардијан.