Утрински Весник
Свет

Монсунски дождови го парализираа Пакистан: oсум деца загинаа во лизгање на земјиште

Монсунски дождови го парализираа Пакистан: oсум деца загинаа во лизгање на земјиште

На северот на Пакистан осум деца загинаа во одрон додека играле крикет по монсунските дождови, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Тие изјавија дека инцидентот се случил синоќа во областа Шангла и дека децата биле на возраст меѓу 12 и 15 години, пренесе Ројтерс.

Речиси 15 деца поставија терен за крикет во близина на карпа, која ги затрупа по дождот, изјави за британската агенција претставник на окружната единица за итни случаи Санаула Кан.

„Локалните спасувачки тимови, на кои подоцна им се придружи и пакистанската армија, извлекоа осум тела по неколку часа, рече тој.

Едно дете е тешко повредено, додека другите се неповредени.

Друг функционер, Билал Кан, рече дека селаните први дошле на местото и дека биле од голема помош пред да пристигнат спасувачките тимови.

Обилните монсунски дождови и топењето на мразот во Пакистан минатата сезона предизвикаа поплави во планинските области на север, како и во јужните рамнини, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе, расели милиони и предизвикаа штета од милијарди долари.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени