Утрински Весник
Македонија

Вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите побарала поткуп од 2.000 денари

Ја злоупотребила службената положба, кривична  против директорка на градинка во Штип

На 4.7.2023 година, во 11.20 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ја лишиле од слобода С. Д. (61) од Радовиш, вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите, Подрачно одделение Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Таа се сомничи дека на 8.6.2023 изготвила договор за отстапување имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат, и за него неосновано побарала паричен надомест од 2.000 денари, кој на 4.7.2023 година ѝ бил даден.

На 4.7.2023 година, во службените простории на Агенцијата, при преглед на осомничената била пронајдена банкнота од 2.000 денари, која претходно била обележана, а при претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. С. Д. била задржана во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а од судија на претходна постапка изречени се мерки на претпазливост.

Можете да прочитате

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш

ДУИ: 0 Албанци меѓу државните награди „8 Септември“ – и успесите на Албанците стануваат невидливи

Нива акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш