Утрински Весник
Спорт

Роберто Фирмино има нов клуб

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Роберто Фирмино (31) е новиот играч на Ал Ахли. Бразилскиот напаѓач потпиша договор до 2026 година откако си замина од Ливерпул како слободен играч. Фирмино во саудиската Премиер лига ќе игра со Едуард Менди, голманот кој летово пристигна од Челзи.

dobivaj vesti na viber

Фирмино ја продолжи серијата пристигнувања на ѕвезди во саудискиот фудбал. Досега за тамошните клубови веќе потпишаа Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Рубен Невес, Н’Голо Канте, Марсело Брозовиќ… Фирмино пред неколку месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Барселона, но тоа не се случи. .

Во Бразил, Фирмино играше за Фигуеиренсе и Томбенсе, во 2011 година се пресели во Хофенхајм, а четири години подоцна потпиша за Ливерпул. Тој помина осум години во англискиот клуб, одигра 362 натпревари, постигна 111 и забележа 79 асистенции и освои седум трофеи.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ