Утрински Весник
Македонија

Казни за 189 возачи во Скопје, 40 за брзо возење

171 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 189 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 40 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречена е 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта