Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

До кога тој трул систем во државата ќе не мачи и држи во неизвесност нас пациентите со Цистична фиброза, прашува Пехчевски

До кога тој трул систем во државата ќе не мачи и држи во неизвесност нас пациентите со Цистична фиброза, прашува Пехчевски
Img 7972

„Господа од ВЛАСТА дали би дозволиле да се прави сето тоа на ВАШИТЕ деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ВАШЕ место и да ги држиме во НЕИЗВЕСНОСТ со ГОДИНИ и со МЕСЕЦИ“ до Владата се обрати Игор Пехчевски, пациентот кој боледува од цистична фиброза. Тој истото прашање го упати и до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии.

dobivaj vesti na viber

„Дали сте свесни и колку е ЖАЛНО и БОЛНО да ги држите болни луѓе во НЕИЗВЕСНОСТ за лек од кој ЖИВОТОТ им зависи?“ – прашува тој на социјалните мрежи.

„До кога оваа БИРОКРАТИЈА ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со ЗДРАВЈЕТО. НЕ МОЖЕ и НЕДОЗВОЛИВО е да ни ги УСКРАТУВАТЕ лековите кои ни се со УСТАВ загарантирани и од кој зависии нашиот ЖИВОТ нашата ИДНИНА“ пишува Пехчевски.

„Го бараме лекот Трикафта (KAFTRIO) веднаш“, потенцира Пехчевски.

Можете да прочитате

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта