Утрински Весник
Свет

Нова престрелка во САД: Најмалку тројца загинати, има и повредени

Нова престрелка во САД: Најмалку тројца загинати, има и повредени

Најмалку три лица загинаа, а осум други се повредени во пукотница доцна синоќа на забава во центарот на Форт Ворт, Тексас, соопшти полицијата. Официјални лица добиле дојава за пукање во реонот на прославата „Комофест“, пишува „NBC News“.

dobivaj vesti na viber

По доаѓањето на местото на настанот, полицијата на паркинг пронашла неколку жртви од пукањето.

Кај едно лице била констатирана смрт на лице место, а кај другите две подоцна, откако биле пренесени во болници. Најмалку осум лица се повредени во престрелката и се згрижени во болниците.

Не е јасно дали меѓу загинатите или повредените има малолетно лице. Засега не е познат мотивот за пукањето, ниту пак полицијата ги идентификувала осомничените.

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар