Утрински Весник
Македонија

Демократскиот сојуз: Уставниот суд ќе расправа за изборниот законик

Демократски сојуз: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање на Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Утре, Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар, соопштија од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

Со иницијативата, како што појаснуваат, се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.

„Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори“, велат од ДС.

Информираат дека седницата ќе започне во 9:30 часот, во просториите на Уставниот суд.

Можете да прочитате

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони