Утрински Весник
Македонија

Клиника по современи стандарди за штипјани, Владата ја засилува динамиката за завршување на изградбата

Клиника по современи стандарди за штипјани, Владата ја засилува динамиката за завршување на изградбата

Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.

dobivaj vesti na viber

Целта е, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница по современи стандарди, посебно што во Клиничката болница работи, како што е соопштено од Министерството за здравство, високо стручен медицински кадар и во болницата се лекуваат граѓани и од поширокиот источен регион.

За таа цел се активираат процедури, што ќе овозможат завршувањето на изградбата на новиот објект на Клиничка болница – Штип, да се одвива со засилена и прецизно утвдена динамика.

Задолжени се Министерството за здравство, проектната единица и надзорот да подготват „Проект на изведена состојба“, односно пресек на досега изведените работи, во рок од 42 дена. Задолжена е Проектната единица, по направениот пресек на состојбата, во соработка со Бирото за јавни набавки, да подготви нова, тендерска документација и биде објавена јавна набавка во рок од 30 дена, информираат владините служби.

Можете да прочитате

Пратките отсега ќе можете да си ги подигнувате самите од пакетомати

Јанчев од Левица: Се намалуваат стандардите за директор за да се отвори место за Мемов од ЗНАМ

Спасовски: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на Деловникот на Собранието и правата на пратениците