Утрински Весник
Свет

Полицијата испрати засилување во Марсеј и Лион: на улиците се елитни единици, оклопни возила и хеликоптери

Полицијата испрати засилување во Марсеј и Лион: на улиците се елитни единици, оклопни возила и хеликоптери

Француското Министерство за внатрешни работи испрати засилување во Марсеј и Лион поради немирите кои се надвор од контрола, соопшти полициската префектура Буше ду Рон.

dobivaj vesti na viber

По насилството што се случи вчера во Марсеј, МВР донесе одлука за испраќање значително засилување, а освен припадници на елитната единица пристигнаа и оклопни возила и два хеликоптери на жандармеријата, се наведува во соопштението.

Локалните медиуми јавуваат дека во Лион биле испратени и припадници на специјалните сили за да го вратат јавниот ред и мир.

Малку порано, градоначалниците на Лион, Грегори Душе и на Марсеј, Бенои Пајан, побараа да се испрати полициско засилување во градот поради немирите.

Пукањето во кое загина 17-годишно момче, идентификувано само како Нахел, беше снимено и објавено на социјалните мрежи, што предизвика нови тензии и судири меѓу полицијата и младите во Франција.

Функционерот на Нантер, Патрик Жари изјави дека убиениот млад човек е погребан денеска и дека на Франција и требаат промени во сиромашните населби.

Во Франција речиси 1.000 луѓе беа уапсени за време на четвртата ноќ од протестите кои избувнаа по убиството на тинејџер, а беа регистрирани повеќе од 2.500 пожари.

Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети изјави дека 30 отсто од уапсените се малолетни.

Исто така, додаде тој, демонстрантите запалија 2.000 возила од почетокот на немирите.

Повеќе од 200 полицајци се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин.

Покрај тоа, повеќе од 700 продавници, супермаркети, ресторани и филијали на банки се „ограбени, а понекогаш дури и целосно уништени , рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи посетата на Германија, закажана за утре, поради насилството во Франција.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk