Утрински Весник
Македонија

Поплави на Кардиологија: вода навлегла во подрумите каде што се салите за интервенција

Поплави на Кардиологија: вода навлегла во подрумите каде што се салите за интервенција

Подрумските простории на Клиниката за Кардиологија се поплавени, каде што се сместени салите за интервенција.

dobivaj vesti na viber

Како што објави Ценатрот за управување со кризи  по силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112 имало повеќе пријави.

Меѓу нив и за поплавени подрумски простории на улицата Јордан Мијалков, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“.

Големо количество на вода има во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража(1м-2м) на улицата „Антон Попов“.

„Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот. Пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција“, велат од ЦУК.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила. Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна.

Истотака имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“

Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје.

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре