Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за несреќата: 66-годишна е жената што ја прегази багер во Скопје

Багер прегази и усмрти жена во Скопје

Шеесет и шестгодишна е жената која денес беше смртно прегазена од багер во централното градско подрачје.

dobivaj vesti na viber

Како што претходно објави „Макфакс“, несреќата се случи на улицата Јордан Мијалков околу 11 часот.

МВР објави дека жената имала 66-години и иницијали Л.Ј.

„Денеска во 11 часот било пријавено дека во Скопје на улица Јордан Мијалков, багер управуван од И. А. (42) од селото Грчец, Скопско удрил во Л. Ј.(66) од Скопје која починала на местото на несреќата. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје

 

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија