Папата Франциско рече дека не и се гледал крајот на војната во Украина, откако неговиот мировен пратеник ги заврши тридневните разговори во Москва.
„Трагичната реалност на оваа војна, која се чини дека нема крај, бара заеднички креативен напор од сите за да се изнајдат и изработат патиштата кон мирот“, рече папата пред верската делегација на Цариградскиот патријарх.
Ватикан во следното соопштение наведе дека мировниот пратеникот на папата, италијанскиот кардинал Матео Зупи, ги завршил своите консултации во Москва, каде што се сретнал со еден од советниците на претседателот Владимир Путин, Јуриј Ушаков и со поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.
„Посетата беше насочена кон идентификување на хуманитарните иницијативи кои би можеле да го отворат патот кон мирот“, се вели во соопштението. Во него се додава дека ќе бидат преземени дополнителни чекори, но не се наведени детали.