Утрински Весник
Македонија

Тодоровиќ: Не се чувствувам виновен

Тодоровиќ: Не се чувствувам виновен
Dik 300x250 mk

На излегување по неколку часовниот распит кај судија на претходна постапка, поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, не сакаше да коментира како ќе се брани, само кусо изјави во движење: Не се чувствувам виновен.

dobivaj vesti na viber

На Тодоровиќ му беше определена мерка домашен притвор.

Одредени беа и четири ефективни притвори, од кои еден е за експретседателот на Советот на општина Центар, Владимир Здравев и на неговиот брат, Александар Здравев, третиот е за Игор Секуловски, и четвртиот за Љупчо Бакев.

Здравев при апсењето беше затекнат на граница, а Тодоровиќ на аеродром.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“.

Можете да прочитате

Сред бел ден со пиштол се заканувал на вработени во кафеана во Центар

Младо момче тешко повредено откако со автомобил излетал од патот

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух