Четвртиот ден од насилните протестите во Франција кои почнаа по полициското убиство на 17-годишниот тинејџер Нахел М. во Париз во Нантер, предградие на Париз, ескалираа на повеќе локации и се претворија во хаос.
Министерот Жералд Дарманин наведува дека меѓу приведените имало и деца на возраст од 13 години, додавајќи дека просечната возраст на уапсените е 17 години. Според досега објавените податоци, синоќа биле уапсени 471 лице, а вчера 917.
Синоќа најдраматична беше ситуацијата во Марсеј, но насилство, палење и кражби имаше и во Париз, Лион.
Во Марсеј продолжија жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата, насилството, палењето и грабежите.
Околу 100 лица беа уапсени до 2 часот по полноќ. Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, побара итно да бидат испратени дополнителни полициски сили во тој град.
„Во Марсеј сцените на грабежи и насилство се неприфатливи. Силно ги осудувам овие акти на вандализам и ја повикувам државата веднаш да испрати дополнителни сили за спроведување на законот“, напиша левичарскиот градоначалник Беноа Пајан на Твитер.
Насилството кулминираше околу еден час по полноќ кога големиот супермаркет Алди беше целосно зафатен во пламен, а претходно бил ограбен.
Силен пламен и густ чад се издигнаа над запалениот супермаркет.
Инаку, во текот ноќта од Марсеј пристигнаа бројни видеа од насилство и грабежи.
Во Париз беа уапсени 15 лица кои се обиделе да упаднат во продавница со апарати за домаќинство, дознава „Фигаро“ од полицискиот оддел.
Девет лица беа уапсени од полицијата во Нантер, предградие на Париз, додека носеле канистер и молотови коктели.
Седум лица беа уапсени бидејќи влегле во продавницата Conforam во Бонди, која се наоѓа во Сент Дени, северно предградие на Париз, дознава Le Figaro од префектурата.
На неколку видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како неколку луѓе упаднале во продавницата и крадат работи.
Во 2 часот по полноќ, 120 лица беа уапсени во парискиот регион, соопшти полицијата.
Медиумите пишуваат и дека биле разбивани банкомати.
Повеќе детали за насилството синоќа се очекуваат во текот на денот.