Утрински Весник
Македонија

Илјадници дрва се уништени на Беласица, се затекнуваат пластика, лименки, изгорени гуми, туби

Илјадници дрва се уништени на Беласица, се затекнуваат пластика, лименки, изгорени гуми, туби

Здружението „Ја штитам Беласица“ апелира дека илјадници дрва се уништени на Беласица, а  се затекнуваат пластика, лименки, изгорени гуми и туби. Од ова движење истакнуваат дека илјадници дрвја се распаѓаат а народот е приморан да плаќа астрономски цени за огревно дрво.

dobivaj vesti na viber

„Беласица погледната од друг ужасен агол. На минатонеделниот марш бевме сведоци и на лоши слики кои го разгореа жарот за посилна и радикална борба. Бевме сведоци како илјадници дрва се уништени(според нас на неплански начин) за профит на одредни структури кои се богатат на грбот на обичниот народ. Изминатата зима бевме ,,казнети’’ од т.н ,,Национални Шуми’’ сите ние што протестиравме јавно ни беше кажано дека дрвја и дозволи за нас тешко дека ќе има, жално е тоа што затекнавме илјадници дрвја кои ќе останат да се распаѓаат а народот е приморан да плаќа астрономски цени за огревно дрво. Исто, пластика, лименки, изгорени гуми, туби и милиони работи што не очекувавме дека ќе ги видиме на највисокиот дел од планината беа дел од пејсажите. Ако не го сопреме ова лудило, тоа ќе не сотре нас. Борбата ќе трае, ама на крајот ние ќе победиме. “, велат од ова здружение во својата објава.

Беласица е планина во југоисточниот дел на географскиот регион Македонија и е поделена меѓу државите Македонија, Грција и Бугарија.

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија