Утрински Весник
Култура

Агенцијата за филм: За потрошени 985.000 евра буџетски пари, отчет мора да има

Агенцијата за филм: За потрошени 985.000 евра буџетски пари, отчет мора да има

Продукцијата Банана филм Скопје се’ уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“, велат од Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм.

„Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје“, велат од Агенцијата.

Управниот одбор на Агенцијата за филм и Агенцијата за филм категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“