Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја Nordmazedonien, зошто лажеа дека идентитетот е загарантиран, а лажат и сега дека нема да има нови условувања

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја Nordmazedonien, зошто лажеа дека идентитетот е загарантиран, а лажат и сега дека нема да има нови условувања
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ковачевски ја лаже јавноста, Шолц не кажа дека нема да има нови условувања од страна на Бугарија, туку изрази свое мислење дека не треба да има. Тоа не се никакви гаранции, како што зборува СДС, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски се бламира на јавна сцена, и единствено што прави е тоа што ја срами Македонија. Шолц и било кој политичар во Европа може да гарантира за себе, но не и за сите држави, и европски институции. Гаранција од ЕУ институциите немаме.

Гаранциите на Ковачевски се само сеење ветер и магла, како што беа тие за договорот од Нивици, па сега гледаме како Македонија на официјалната страна на владата на Германија е ословувана како Nordmazedonien. Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени