Утрински Весник
Македонија

Карпите на автопатот кај Велес можат да се стркалаат на патот, предупреди ЦУК и побара стручен надзор

Карпите на автопатот кај Велес можат да се стркалаат на патот, предупреди ЦУК и побара стручен надзор

Утрово од тим на Центарот за управување со кризи беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента, предупреди Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

„По нашето недамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препораливо е да направат стручен надзор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони“, велат од ЦУК.

 

ЦУК вчера укажа на опасност по учесниците на сообраќајот, од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а по првиот тунел.

За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе пријави од граѓани.

Можете да прочитате

УСЈЕ: Работиме согласно Европската регулатива и сите важечки закони

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат