Утрински Весник
Свет

Најмалку 667 лица уапсени во немирите во Франција по убиството на тинејџерот, денеска нова итна седница на владата

Најмалку 667 лица уапсени во немирите во Франција по убиството на тинејџерот, денеска нова итна седница на владата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 667 лица се уапсени во Франција, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, откако трета ноќ по ред избија немири низ целата земја за време на протестите поради смртта на тинејџерот во полициска акција на почетокот од оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Низ Франција синоќа беа извршени нови апсења.

Во Нантер, во западното предградие на Париз, каде во вторникот беше убиен 17-годишниот Нахел М., демонстрантите запалија автомобили, поставија барикади на улиците и фрлаа предмети кон полицијата.

Видеата на социјалните мрежи покажаа бројни пожари низ целата земја, вклучително и на автобуската станица во предградие северно од Париз и трамвај во Лион.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе одржи нов итен состанок на владата во врска со ова прашање.

Во синоќешните насилни нереди во Франција повредени се околу 249 полицајци и жандарми, соопшти француската полиција.

Властите мобилизираа вкупно 40.000 полицајци низ целата земја, вклучително и 5.000 во Париз.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми