Утрински Весник
Спорт

Караница во Реал Мадрид: Анчелоти сака екстра напаѓач, Флорентино Перез не мисли така

Караница во Реал Мадрид: Анчелоти сака екстра напаѓач, Флорентино Перез не мисли така
Dik 300x250 mk

Реал Мадрид покажа активност на стартот на преодниот рок, но големо прашање е дали „кралевите“ завршија со доведување нови играчи. Така не сака да размислува тренерот Карло Анчелоти кој инсистира да биде доведен уште еден квалитетен напаѓач како замена за Карим Бензема. Сепак, шпанските медиуми велат дека клубот не смета дека е потребно и во моментов не покажува никаква намера да му ја исполни желбата на италијанскиот стратег.

dobivaj vesti na viber

Фран Гарсија, Брахим Дијаз, Џуд Белингем и Хоселу Мато се играчите со кои Реал потпиша во последните денови, но ниту еден од нив не е вистинска замена за Карим Бензема. Францускиот напаѓач реши да замине во Саудиска Арабија, а тоа може да биде проблем за Реал бидејќи во претходната сезона постигна 31 гол на 43 натпревари.

Хари Кејн и Килијан Мбапе се идеите на Карло Анчелоти за напаѓачката позиција во Реал Мадрид. Извори блиски до него тврдат дека тој е разочаран од реакцијата на клубот и дека имал жесток разговор со Флорентино Перез. Свесен е дека евентуалните лоши резултати ќе се одразат на него.

Лаутаро Мартинез и Виктор Осимхен се напаѓачи кои исто така беа поврзувани со можна преселба во Реал Мадрид, но засега сето тоа е далеку од реализација.

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување