Утрински Весник
Магазин

Гитара на Тејлор Свифт со автограм продадена на хуманитарна аукција за 120.000 долари

Гитара на Тејлор Свифт со автограм продадена на хуманитарна аукција за 120.000 долари

Гитара со потписот на Тејлор Свифт е продадена на хуманитарна аукција за борба против ракот за неверојатни 120.000 долари.

dobivaj vesti na viber

Кантри-ѕвездата Тоби Кит беше домаќин на аукцијата 2023 OK Kids Korral, на која беа собрани 1,8 милион долари за децата што се борат со смртоносната болест, а инструментот на добитничката на „Греми“ привлече најмногу понуди.

Лична вечера со Кит чинеше 70.000 долари, а риболов 80.000 долари.

Гитара потпишана од суперѕвездите на кантри-музиката Тим Мекгроу, Кери Андервуд, Гарт Брукс и други достигна цена од 44.000 долари.

Џо Бароу од „Бенгалс“, Стеф Кари од „Вориорс“ и Тајгер Вудс исто така понудија сувенири.

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“