Утрински Весник
Македонија

Абази не постапува по допрен глас само заради тоа што Дрин Ахмети е внук на Али Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека речиси цела недела Обвинителството за организиран криминал и корупција и главниот обвинител Ислам Абази молчат и не покренуваат истрага за младиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети“.

dobivaj vesti na viber

„На сите им е чудно како Дрин Ахмети добил 39 проценти од деловниот објект ТЦ Соравија вреден 30 милиони евра, без еден денар влог, а само на обвинителот Абази не му е чудно. Ислам Абази кој е близок пријател на семејството Ахмети, а и често е во друштво со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и таткото на Дрин, Фекри Ахмети. Македонија е ДУИзирана. Обвинителството е ДУИзирано, а Димитар Ковачевски само за пуста фотелја и функција молчи за скандалот со внукот на неговиот коалиционен партнер, Али Ахмети“, велат од партијата.

Според нив и Ковачевски и цела влада на СДСм е одговорна за овој скандал исто колку што е одговорен Абази бидејќи не постапува по допрен глас, само затоа што се работи за внук на Али Ахмети.

„Во држава како Македонија во која криминалот и корупцијата се во секоја пора на општеството, не постои човек кој така дава дури 39 процени од деловен објект кој вреди 30 милиони евра. Институициите за овој скандал молчат и бегаат, а кланот Ахмети прави милиони. ДУИ мора да замине во опозиција час поскоро. По паѓање на криминалната влада на СДС и ДУИ следува одговорност“, дополнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

Царинска управа: Уште шест кривични за девет лица до ЈО заради криминал со употребувани возила и глисери

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?