Утрински Весник
Магазин

Мадона пренесена во болница на интензивна нега откако била пронајдена без свест

Мадона пренесена во болница на интензивна нега откако била пронајдена без свест

Мадона итно била пренесена во болница во Њујорк во саботата откако било откриено дека не реагира, односно дека е без свест, дознава „Пејџ сикс“.

dobivaj vesti na viber

Истиот извор пренесува дека поп-кралицата (64) била интубирана најмалку една ноќ пред да ѝ ја извадат цевката – и таа сега е будна и закрепнува.

Нејзината ќерка Лурд Леон цело време била покрај неа.

Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Осеари, сподели на „Инстаграм“ во средата дека неговата клиентка развила сериозна бактериска инфекција што довело до неколкудневен престој во одделот за интензивна нега.

Можете да прочитате

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница

Викенд хороскоп: На Биковите им треба мир, Вагите ги очекува важен разговор