Утрински Весник
Магазин

Харисон Форд: Не знам како заработуваат легендите, јас сум активен актер

Харисон Форд: Не знам како заработуваат легендите, јас сум активен актер

Харисон Форд не се смета себеси за легенда.

dobivaj vesti na viber

80-годишната ѕвезда маестрално ги портретира некои од најпознатите кинематографски ликови во текот на својата шестдецениска кариера, вклучувајќи ги Индијана Џонс, Хан Соло од „Војна на ѕвездите“ и Џек Рајан, но тој не мисли дека тоа што го направил е нешто посебно, а себеси се гледа само како работен, односно активен актер.

Во интервју за магазинот „Ентертејнмент викли“ во врска со ознаката „Легенда“, Форд рече: „Јас сам не ги поврзувам работите. Мислам, не знам што прави легендата за живот, како заработува. Знам дека себеси се сметам за работен актер, и ќе се помирам со тоа“.

Форд смета дека признанието ‘легенда’ звучи малку старо, иако е свесен дека тоа е само комплимент.

„Претпоставувам дека легенда значи дека постоите долго време. И можеби е љубезно, но едноставно…звучи старо.“

Харисон никогаш не можеше да издвои ниту еден од своите ликови како најомилен со текот на годините.

„Јас сум тип на човек кој се придржува до мотото: сакај го оној со кој си – немам фаворити.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста