Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Таткото на Дрин Ахмети и шефот на ЈО сликани заедно, поради ова ЈО ќе молчи, а и да отвори истрага ќе ја затвори без обвинение

(Видео) Ковачки: Таткото на Дрин Ахмети и шефот на ЈО сликани заедно, поради ова ЈО ќе молчи, а и да отвори истрага ќе ја затвори без обвинение

Прикажувајќи фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки истакна дека од тоа може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно, според него, зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар.

dobivaj vesti na viber

„Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра? Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети како што гледаме и на оваа фотографија буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?“, прашува Ковачки.

Според него, кланот Ахмети е соголен пред целата Македонска јавност.

„Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра. И да не покрене истрага ЈО, во што по оваа фотографија на Ахмети кој седи на главата на Абази се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат час поскоро. А тогаш ќе има одговорност, како за криминалците од ДУИ и СДС, така и за обвинителите кои што ги штителе“, вели Ковачки.

Можете да прочитате

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба