Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери

ВМРО-ДПМНЕ: Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите, вториот е  Апасиев кој мора да глуми патриот

Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1.2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени.

И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден, појаснуваат од партијата на Мицкоски.

„Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси. Институциите наместо да си ја префрлаат топката да реагираат“, порачуваат од оваа партија.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег