Утрински Весник
Магазин

Том Холанд продолжува да ја промовира новата серија и покрај лошите критики

Том Холанд продолжува да ја промовира новата серија и покрај лошите критики
Dik 300x250 mk

Том Холанд останува отпорен на негативните рецензии за новата ТВ-серија.

dobivaj vesti na viber

27-годишниот актер призна дека неговата серија на „Епл плус“, The Crowded Room („Преполна соба“), не помина добро кај критичарите заработувајќи оценка од само 31 отсто на веб-страницата агрегатор на рецензии „Ротен томатос“, но тој сè уште останува во проектот.

Говорејќи во емисијата Get a Job! на „Унилад“, тој рече: „Не е тајна дека мојата серија ‘Преполна соба’ доби ужасни рецензии“.

„Но, јас сум овде денес да ја промовирам и сè уште останувам дел од неа. Јас сум многу отпорен и издржлив. Тоа е добар квалитет кај нововработен“.

Ѕвездата на новиот филм за Спајдермен, „Човек пајак: Далеку од дома“, се пошегува дека неговата отпорност на критиките произлегува од тоа што е навивач на лондонскиот фудбалски тим „Тотенхем хотспур“ затоа што никогаш не освоиле ништо.

Тој додаде: „Да ги поддржуваш е неверојатно тешко“.

И покрај лошите критики на серијата, Британецот сè уште се надева дека постои позитивна порака што може да ја испрати до гледачите со тоа што ќе ги охрабри да побараат помош кога е потребна и ќе ги натера да се чувствуваат помоќни во тешки ситуации.

„Пораката на серијата е дека барањето помош треба да биде нешто што ние како општество го славиме. Тоа е чин на храброст“.

„Без разлика дали станува збор за злоупотреба на супстанции, дали е злоупотреба дома, злоупотреба на училиште, барањето помош не е нешто од што треба да се срамите и се надевам дека оваа серија може да го претстави тоа вистинито и автентично“.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб