Утрински Весник
Свет

Борел за Русија: Погледот на ЕУ за Москва се промени во последните 48 часа

Борел: Во година на војна и енергетска криза, ЕУ не попушти пред уцените на Путин

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, денеска изјави дека погледот на ЕУ за иднината на Русија е променет во изминатите 48 часа, наведувајќи дека политичката нестабилност и внатрешната кревкост на оваа нуклеарна сила ја зголемува воената опасност што Москва веќе ја претставува.

dobivaj vesti na viber

– Сега е јасно дека нашата визија за Русија е сосема поинаква. Тоа не е само закана бидејќи има воена способност да предизвика војна, што веќе ја покажа, туку и внатрешна политичка нестабилност, истакна Борел по состанокот на Советот на министри во Луксембург, пренесува Гардијан.

Според него, ситуацијата останува сложена и непредвидлива, но заклучокот од дебатата е јасен и министрите за надворешни работи на ЕУ ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „повеќе од кога било“.

– Потребно е време да се развие стратегија, со оглед на таквата состојба. Ние работиме на тоа. Мислам дека можеме да кажеме дека сите веќе ги анализираат можните сценарија кои би можеле да се развијат, но немаме готова стратегија, додаде Борељ.

Тој изјави дека ЕУ е загрижена поради промената на улогата на платениците „Вагнер“ кои претходно беа поддржани од рускиот претседател Владимир Путин во клучните делови на Африка, особено во Мали и Централноафриканската Република.

Борељ претходно го опиша водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, како „чудовиште што се свртел против својот творец“.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“