Утрински Весник
Македонија

Тешка несреќа кај Катланово: загина моторџија кој се судрил со камион, има и тешко повредено лице

Тешка несреќа кај Катланово: загина моторџија кој се судрил со камион, има и тешко повредено лице

Тешка несреќа се случи кај тунелот Каталново, во правец Велес кон Скопје. Едно лице загина, друго лице има тешки повреди.

dobivaj vesti na viber

„Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички“, велат од МВР за „Макфакс“.

Според првичните инфорамции, повредениот е пренесен во болница.

„Другото лице кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентен центар Скопје“, велат од МВР за „Макфакс“.

Автопатот Велес -Скопје (кај тунелот) е целосно затворен за сообраќај, се пренасочува сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе, кон автопатот Штип-Скопје.

Ова е првична информација.

Можете да прочитате

Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија

Хоџа на министерска средба во Рим: За водите ни требаат заеднички решенија, инвестиции и цврста регионална соработка

Поплавена зградата „Нова Македонија“ – објектот е без електрична енергија