Утрински Весник
Свет

„Вагнер не отиде во Москва за да го собори Путин“, вели Пригожин

Пригожин: Не знам дали „Вагнер“ ќе остане во Украина

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин зборуваше за прв пат откако неговите војници, кои се движеа кон Москва во саботата, се повлекоа.

dobivaj vesti na viber

Тој штотуку објавил 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и дека неговата платеничка фирма мора да престане да постои на 1 јули, пренесува Би-би-си.

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, јасно ставил до знаење дека не го таргетира Путин кога објави дека неговите трупи ќе маршираат кон Москва, велејќи:

„Ние не марширавме за да го собориме руското раководство“.

Во својата 11-минутна видео порака тој вели:

„Целта на маршот беше да се избегне уништувањето на Вагнер и да се повикаат на одговорност службениците кои направија огромен број грешки со своите непрофесионални постапки“.

Тој вели дека Вагнер жали „што морале да ги погодат руските воздушни сили“.

„Марширавме за да го демонстрираме нашиот протест, а не за да ја собориме владата“, рече тој.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“