Утрински Весник
Македонија

Полицајци испрашуваат уапсени по канцеларии на сметководители, оти немаат соодветни простории

Полицајци испрашуваат уапсени по канцеларии на сметководители, оти немаат соодветни простории

Несоодветни услови имаат дел од полициските службеници по полициските станици, констатира народниот правобранител, Насер Зибери. Особено лоша состојба има во полициската станица во Чаир. Посочи дека разговори со деца кои се можни сторители на кривични дела биле водени во канцеларии на сметководители наместо во опремени простории.

dobivaj vesti na viber

„Особено загрижувачка состојба има во ПС Чаир каде со години не е преземено скоро ништо. Кога зборуваме за материјалните услови, внимание треба да се посвети на просториите за разговори со деца. Треба да се избегнува праксата на вршење на разговори со повиканите и задржани лица во канцелариите на сметководителите, туку истите да се спроведат во наменско опремени простории со видео надзор, со видливо истакната поука за правата на овие категории деца и други мерки“, рече Зибери.

Состојбата била слична како и пред две години, посочи Зибери, што укажува дека ништо значајно не е променето.

„Во дел од полициските станици, констатиравме дека полициските службеници работат во супстандардни услови. Слично како и претходната, така и во 2022 година, во некои од полициските станици беа истакнати наводи за директни притисоци од страна на раководниот кадар, манифестирани преку прераспределба на разни видови работни обврски, несоодветни на работните позиции“, додаде Зибери.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата