Утрински Весник
Македонија

Повик до единиците на локална самоуправа за Лигата на шампиони за локален развој

Повик до единиците на локална самоуправа  за Лигата на шампиони за локален развој

Локалните самоуправи од целиот регион имаат можност да се пријават за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа системски да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство.

dobivaj vesti na viber

Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) во соработка со Германската развојна соработка што ја спроведува ГИЗ, објави Јавен повик до лидерите на локалните самоуправи за подобрување на работата и ефикасноста на локалната администрација со следење на критериумите за сертификација на BFC SEE и со тоа да го заслужат епитетот Општина по мерка на бизнисот. Повикот е отворен за вкупно 50 единици на локална самоуправа од регионот, кои досега не учествувале во BFC SEE програмата.

-Почетен чекор во овој процес е локалната самоуправа да ги препознае единствените потенцијали и улога на стопанството во креирање одржлива стратегија за развој. Во тоа, BFC SEE програмата помага давајќи јасни насоки за зачувување на вработеноста и отворање работни места преку јакнење на партнерствата со локалните бизниси. Критериумите ги следат развојните и просторни планови, и помагаат да се унапреди организацискиот капацитет, ефикасноста и нивото на дигитализација на општинските услуги. Стандардот рангира и конкуретност во смисла на локалните давачки и особено ја вреднува поддршката на претприемништвото, иновациите и зелената економија – вели Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоупрва (ЗЕЛС).

BFC SEE програмата се спроведува од 2012 година и досега повеќе од 100 градови и општини поминаа низ процесот на сертификација, а во моментов 45 локални самоуправи се носители на сертификат кој претставува печат за квалитет на нивното деловно опкружување. Резултатите од истражувањето спроведено од Партнерството за конкуретен регион покажуваат дека повеќе од три четвртини од локалните самоуправи кои поминале низ овој процес, сметаат дека процесот е корисен и истакнуваат дека најмногу ги мотивирало унапредувањето на ефикасноста во работата на администрацијата, привлекување нови инвестиции и препознатливост на локалните самоуправи. Од нив, 98% би ја препорачале BFC SEE програмата и на други градови и општини.

Процесот на сертификација е во времетраење од 12 месеци и започнува со обука на тим на локалната самоуправа кој е задолжен за исполнување на поставените критериуми. Следи процес на евалуација, во кој се оценува моменталната состојба во градот или општината, по што се доставува извештај до раководството со конкретни препораки за унапредување што е потребно да се применат во зададен период. На крај од процесот, независна верификациска комисија проценува дали локалната самоуправа ги исполнува условите за BFC SEE сертификат.

– Досега BFC SEE сертификат добија Град Скопје, Велес, Струмица, Штип, Илинден, Гази Баба и Богданци, и тие се меѓу најуспешните локални самоуправи кога станува збор за привлекување инвестиции и развој на локалното стопанство. Сакаме и другите да ги мотивираме да се придружат на клубот на најдобрите. Сертификатот BFC SEE на единиците на локална самоуправа им носи препознатливост во однос на другите општини, подобра позиција на инвестициската мапа на Југоисточна Европа и поголеми шанси за привлекување вложувања. Добиваат и можност за учество во регионални проекти финансирани од меѓународни донатори и можност за размена на знаење со најуспешните локални самоуправи. Сé ова на крај води до нови работни места и подобар квалитет на живот за граѓаните – истакнува Перишиќ.

За учество во Програмата, заинтересираните единици на локална самоупрва може да достават пријава преку веб страницата www.bfc-see.org или да се обратат до ЗЕЛС како надлежен Технички секретаријат за спроведување на BFC SEE Програмата во С.Македонија.

Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) е претставен од над 20 институции и организации од Југоисточна Европа. Спроведувањето на BFC SEE програмата го поддржува ГИЗ Отворен регионален фонд за модернизација на општински услуги (GIZ ORF MMS).

Критериуми за стекнување со сертификат

Квалитетот на локалното деловно опкружување се оценува врз основа на повеќе од 60 критериуми групирани во 10 категории. Тоа се, пред сé, поседување стратешки план за развој со план за капитални инфраструктурни вложувања, постоење на функционална канцеларија за локален економски развој, како и Економски совет за постојана комуникација и соработка со стопанството со цел креирање подобри услови за бизнис. За секоја модерна локална самоуправа неопходно е и да има ефикасен систем за издавање градежни дозволи, да располага со информации за можности за вложувања и понудени поволности за инвестирање, и да е транспаретна по прашање на деловни трошоци за стопанството. Потребно е да се поседува програми за преквалификација на работна сила согласно потребите на инвеститорот. Посебно се вреднува стимулирање на развојот на претприемништво преку финансиски и нефинансиски бенефиции и олеснувања, посветеност на заштита на животната средина, како и дигитализација на административните процедури и решенија за поефикасно информирање на граѓаните и стопанството.

ПР

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско