Утрински Весник
Свет

Мајка во САД го оставила бебето само 10 дена за да оди на море: детето било пронајдено мртво

Мајка во САД го оставила бебето само 10 дена за да оди на море: детето било пронајдено мртво

31-годишната Кристел Канделарио од САД е обвинета затоа што ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома за да оди на одмор.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите објавија дека детето било без надзор десет дена, а потоа починало.

Се тврди дека нејзината мајка била на одмор во Порторико и Детроит.

Детективот Телемон Пауел рече дека Канделарио сведочела дека ја оставила својата ќерка сама дома, без надзор.

Им кажала дека по враќањето дома ја затекнала ќерката, како што нагласи, екстремно дехидрирана.

Пауел посочи дека ќебињата и пелените биле многу валкани, полни со урина и измет. Канделарио е во притвор, а нејзината кауција е одредена од милиони долари.

Од ноември 2022 година, таа работеше во основно училиште во Кливленд, а локалните медиуми објавија дека подоцна била отпуштена.

Засега не е познато зошто мајката не побарала некој да се грижи за бебето додека била на пат.

Официјалните лица рекоа дека Канделарио не направила никакви аранжмани за нејзината ќерка пред да замине на патувањето. Обвинителството соопшти дека на телото на детето немало траги на траума, но констатирале дека детето било оставено само околу 10 дена, а потоа починало.

Соседите биле вознемирени кога ја слушнале веста за смртта на девојчето. Многумина рекоа дека претходно се грижеле за неа и жалат што Канделарио овој пат не побарала помош од нив.

Една познаничка за американските медиуми изјавила дека не е прв пат Канделарио да ја остави ќерка си сама дома.

„Постојано и велиме да не ја остава сама, не само јас, туку и соседите од другата страна, но таа ја остави“, вели познаничката, пренесува весникот „Индипендент“.

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа