Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал му нуди неверојатни услови на Алегри за тренерската позиција

Ал-Хилал му нуди неверојатни услови на Алегри за тренерската позиција

Саудискиот клуб Ал-Хилал покажа голем интерес за италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри. Откако стратегот на Јувентус ја одби првата понуда, Саудијците ја зголемија сумата. Како што пренесува „Раи Спорт“, Алегри во Монте Карло се сретнал со претставници на Ал-Хилал каде што му бил понуден тригодишен договор вреден вкупно 30 милиони евра, а веднаш по потпишувањето и бонус од 10 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Зад 55-годишниот стратег и „старата дама“ од Торино беше тешка сезона со проблеми на теренот и надвор од него, што кулминираше со одземање на 10 поени во последните недели од сезоната што го остави Јувентус без пласман во Лигата на шампионите.

Алегри беше означен како еден од главните виновници за неубедливите игри на италијанскиот великан, но тој најави дека сè уште нема намера да го напушти Јувентус. Засега не е познато како тој одговорил на најновата понуда од саудискиот клуб кој досега го водеше Аргентинецот Рамон Дијаз.

 

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина