Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи, споделувајќи објава на „Макфакс“, побара од министерката за одбрана Славјанка Петровска да му се извини за навредите кои биле упатени кон него.
„И сега министерке што правиме? Ќе се извините ли за навредите кон мене? Нели лажев? Нели не се земаше поткуп во АРМ, нели се’ беше регуларно па затоа од Вашиот ПиАр Ве наместија да ме повикате лани во ноември на ТВ дуел кој го изгубивте? Една порака до обвинителството: Случајот за поткуп не смее да заврши на ниско рангирани службеници, туку да се истражи до крај.
Рибата смрди од главата!
*А министерката е должна на јавноста да и’ објасни зошто го поништи конкурсот за офицери кога сите процедури веќе биле завршени?
Ем неспособни, ем криминални. НАТО сме биле, брука“, напиша Ковачки.
Денеска „Макфакс“ објави дека службеник во касарната Тетово преку војничка барал поткуп од кандидат на конкурсот за офицери. Тој требало да му даде три илјади евра за да биде избран како офицер. При предавањето на парите ги фатила полиција, па наместо пари командирот заработи кривична пријава и му се заканува затвор до 10 години.