Утрински Весник
Македонија

Невремето ја окупира Македонија: силна бура во Крива Паланка и Пехчево, во Охрид заседава кризниот штаб

Невремето ја окупира Македонија: силна бура во Крива Паланка и Пехчево, во Охрид заседава кризниот штаб

Невремето од Охрид се шири во правец на централна Македонија и Скопје, а паралелно нов бран доаѓа од североисток покажуваат најновите снимки на УХМР. Нестабилност проследена со интензивен, пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град сега има во Пехчево. Во Крива Паланка нестабилност проследена со интензивен пороен дожд, велат од Управата.

dobivaj vesti na viber

Во Охрид заседава општинскиот штаб за заштита и спасување, по што ќе следи теренски ангажман на локните комунслни претпријатија и институции и препријатија, што ќе бидат ангсжирани за помагање на граѓаните у за санирање ба состојбата по поројниот дожд во Охрид и во околината, Охридско-Стушкиот регион, велат од ЦУК.

ЦУК известува дека по завршување на кризниот штаб на Општина Охрид до Регионалниот ЦУК Охрид е пренесена информацијата дека службите (ЈП Нискоградба, Водовод и ТППЕ- Охрид ) се координираат за постапување по приоритетните пријави за штети. Пријавени се штети на станбен објект, подруми и земјоделски култури.

Инаку, по излегувањето нс терен, а и согласно пријавите до 112 во ЦУК и пријавите во Општината, повторно ќе има седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а според ситуацијата ќе се координира и помош од соседни општини согласно ситуација и можности на локслната самоуправа.

Можете да прочитате

Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност

Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина

Ведро и студено, преку ден сончево