Нејмар е подготвен да го напушти ПСЖ и покрај богатиот договор кој го врзува со францускиот шампион и во наредните две сезони. Тој им замери на навивачите кои инсистираат на негово заминување и кои го обвинуваат дека дава премалку во однос на платата што ја има.
Платата на Нејмар надминува 40 милиони евра годишно, а недоволниот придонес што го истакнуваат навивачите се сведува на 18 гола и 17 асистенции на само 29 одиграни натпревари.
Севкупно, бразилската ѕвезда одигра 173 натпревари од 2017 година, по трансферот вреден 222 милиони евра од Барселона, со учинок од 118 гола и 77 асистенции.
Тој признава дека сонува да се врати во Бразил. Не нагласи дека тоа може да се случи веднаш, но клубот од неговото детство, првиот професионален клуб од кој замина во Барселона, има право да се надева дека еден ден ќе му се врати.
„Животот на еден фудбалер е динамичен. Сонувам да играм во Бразил, сонувам повторно да играм за Сантос. Се надевам дека тоа ќе се случи еден ден. Во фудбалот се е можно”, изјави Нејмар.