Утрински Весник
Свет

(Видео) Нов гаф на Бајден: На половина химна сфати дека не е американската

(Видео) Нов гаф на Бајден: На половина химна сфати дека не е американската

Индискиот премиер Нарендра Моди е во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

Тој се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа.

Кога според протоколот се свиреа химните на САД и Индија, американскиот претседател се збуни при изведувањето на индиската химна.

Имено, како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, Бајден ја ставил раката на срцето, што е вообичаено при изведувањето на химната на сопствената земја, а некаде на средината на настапот сфатил дека не е американската химна, па ја спушти раката.

Можете да прочитате

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне

Иранската револуционерна гарда ги соопшти условите за завршување на војната со Вашингтон