Јувентус, во пресрет на новата сезона, постигнал договор со двајца одлични фудбалери. Наскоро, „старата дама“ треба да ги официјализира трансферите на Томас Парти и Тииоти Веа.
Јувентус, поради одземањето на бодови заврши на седмото место Серија А и следната сезона ќе игра во Конференциската лига, но тоа не го спречува клубот да купува врвни играчи.
Според италијанскиот „Скај спорт“, Јувентус следната сезона ќе биде посилен за играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти и напаѓачот на Лил, Тимоти Веа.
Парти беше желба на „старата дама“ пред две сезони, но тогаш беше прескап, но сега играчот од Гана влезе во последната година од договорот со Арсенал, а „топчиите“ се подготвени да го продадат за да не замине како слободен играч.
Се споменува цифра меѓу 18 и 20.000.000 евра кои Јувентус ќе ги плати за 30. годишниот фудбалер.
Што се однесува до Веа, репрезентативецот на Соединетите Американски Држави е подготвен за исчекор во кариерата по извонредните сезони во француски Лил, со кого пред две години ја освои шампионската титула.
Јувентус има усмен договор околу купувањето на 23. годишниот син на поранешниот најдобар играч на светот Жорж Веа, а трансферот би требало да изнесува 10.000.000 евра и уште 2.000.000 на име дополнителни бонуси