Утрински Весник
Свет

Келнерот опишал како изгледале последните моменти на патниците пред да се качат во подморницата: „Сите беа возбудени“

Келнерот опишал како изгледале последните моменти на патниците пред да се качат во подморницата: „Сите беа возбудени“

Подморницата „Титан“ беше пријавена за исчезната во неделата, откако изгубила контакт, час и 45 минути по нуркањето и не се вратила на површината во очекуваното време.

dobivaj vesti na viber

Келнерот на кафулето во кое се наоѓале патниците на подморницата „Титан“, која се изгубила во Атлантикот, открил како изгледале нивните последни моменти пред да се качат на неа.

Токму во тоа кафуле петте патници го испиле последното кафе што им го послужил Џејмс Ло.

Тие дојдоа во кафулето околу осум часот наутро и беа многу возбудени.

„Секогаш кога ќе видиме луѓе кои носат заштитни елеци и сина јакна „Ocean Gate“, ги прашуваме што прават. Сите беа расположени, неколку од нив изгледаа како да брзаат, малку задоцнија. Првиот ден кога се расчисти времето маглата се повлече, тие беа многу возбудени“, рече тој.

Неколку часа откако испиле кафе, се качиле во подморницата.

„Дури кога беа објавени идентитетите на патниците и ги видов фотографиите, сфатив дека се тие“, додал келнерот.

Тој вели дека целата ситуација го потсетила на братот на неговиот добар пријател, кој исчезнал додека ловел риба во септември 2021 година.

„Марк беше капетан на бродот, тие беа на риболов кога бродот ненадејно исчезна. Канадската крајбрежна стража започна голема потрага, но неколку недели подоцна ја прекина операцијата. За време на потрагата вклучија и сонар но потонатиот брод никогаш не беше пронајден“, се сеќава тој.

Иако братот на неговиот пријател никогаш не бил пронајден, Џејмс се надева дека ситуацијата нема да биде иста со подморницата „Титан“, пишува „Daily Mail“.

“Искрено се надевам на најдоброто. Сепак, се чини дека нешто лошо веќе се случи. Кога сте на таква длабочина, притисокот е голем. Тоа е навистина тешка ситуација”, рече тој.

Џејмс вели дека на сите што живеат во близина на океанот им е јасно дека се случуваат несреќи, но дека никој не очекувал дека тоа ќе се случи сега.

“Сите беа навистина возбудени. Не можев ни да помислам дека ќе се случи вакво нешто. Кога станав наутро ја прочитав веста дека постои шанса „Титаник“ да однесе уште неколку жртви. Лудо е да се мисли дека тие се заробени некаде во урнатините“, вели Џејмс.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје