Утрински Весник
Спорт

(Видео) Златен рекет за Новак Ѓоковиќ

(Видео) Златен рекет за Новак Ѓоковиќ

По освојувањето на Ролан Гарос, производителот на спортска опрема „Хед“ на Новак Ѓоковиќ му подари златен рекет тежок осум килограми.

dobivaj vesti na viber

Сега е објавено и видео во кое може да се види како на српскиот тенисер му бил врачен специјален подарок.

„Сè уште е неверојатно. Сè уште во главите го вртиме филмот од она што го направи Новак. За да го прославиме овој успех и посебен момент на најдобар можен начин, договоривме уметник да создаде златна реплика на рекетот на Новак. Овој трофеј е направен специјално поради новиот рекорд на Новак, од 23. Грен слем титули“, пишува во изданието на компанијата „Хед“.

Новак ќе има шанса да го освои 24. Грен слем на Вимблдон. Турнирот во Лондон е закажан од 3 до 16 јули.

View this post on Instagram

A post shared by HEAD Tennis (@headtennis_official)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина